Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Предпладне појава на магла, преку денот сончево време

Претпладне ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Времето повторно изненадува – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Трагедија во Прилеп – Донесено во болница починато бебе на возраст од осум дена

ДЕСК

Млада битолчанка погодена со тврд предмет на ракометен натпревар

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.