Centar.mk
БИЗНИСвест

Експерти од Народната банка дадоа придонес кон студија на Светската банка за корпоративната финансиска одржливост

Советодавниот центар за финансискиот сектор на Светската банка (ФИНСАК) изработи студија за процена на финансиската одржливост, во која учество зедоа и експерти од Народната банка и којашто беше презентирана во присуство на тимот, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, како и делегацијата на Светската банка предводена од директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи.

Оваа сеопфатна студија дава подлабоки сознанија за финансиската состојба на нашиот корпоративен сектор. Клучните наоди ги истакнуваат трендовите во корпоративната одржливост, влијанието на економските шокови како што е ковид-19 и финансиската стабилност на компаниите по одделни сектори во економијата. Студијата се осврнува на анализа на кредитните ризици во контекст на финансиските капацитети на компаниите за отплаќање на долговите, а опфатени се и насоки за натамошно следење на случувањата и потенцијалните ризици во банкарскиот систем од страна на Народната банка. Притоа, со користење нова аналитичка алатка, којашто ѝ се остава на располагање на Народната банка, вакви анализи ќе можат да се прават на систематска основа со што натаму се јакне капацитетот на Народната банка во сферата на супервизијата и финансиската стабилност.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и Паолучи заеднички ја нагласија потребата од натамошно успешно партнерство и соработка помеѓу Народната банка и Светската банка заради натамошно јакнување на темелите на финансискиот систем во земјава и залагање за одржлив економски раст.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците

ДЕСК

Одговорноста е твоја најголема добивка

ДЕСК

Минималната плата во ЕУ: од 620 евра во Бугарија до 2.704 евра во Луксембург, според последните статистики

ДЕСК