29. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Русите во окупираните региони нудат отпис на долговите доколку потпишат договор за приклучување во руската армија

Во окупираните територии, руските власти контактираат со должниците на банките со предлог да им ги отпишат долговите доколку потпишат договор со руската армија. Сепак, бројот на луѓе кои се подготвени да направат таков потег е сè уште критично низок, според Украинскиот центар за национален отпор, пренесуваат медиумите во регионот.

Според извештајот на Украинскиот центар за национален отпор, Русија продолжува да бара начини да го мобилизира населението од окупираните територии во редовите на руските вооружени сили. Овој пат се фокусирани на банкарските должници, ветувајќи им отпис под услов да потпишат воен договор.

Покрај должниците, руските окупаторски власти контактираат и со членовите на нивните семејства за да регрутираат луѓе и да ги исполнат плановите за мобилизација во окупираните региони, според написите во медиумите. Се известува и дека Русите ветуваат отпис на долговите на оние чии членови на семејството го потпишале договорот.

„Сиромаштијата, создадена од самиот Кремљ преку своите постапки, отсекогаш служела како алатка за регрутирање луѓе за војните на империјата“, се вели во соопштението на Центарот за национален отпор. Сепак, бројот на луѓе подготвени за соработка и потпишување договори во окупираните територии во моментов е исклучително мал, се истакнува во извештаите.

Центарот исто така нагласува дека присилната мобилизација на луѓе од окупираните територии за борба против сопствената земја е кршење на меѓународното право./Извор:Makfax