Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Герасимовски: Дојдете на финалниот буџетски форум за 2025 – одлучуваме заедно за приоритетите на Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува граѓаните на вториот и завршен буџетски форум за 2025 година, кој ќе се одржи на 17 декември 2024 година, во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци,“ со почеток во 19:00 часот.

Овој форум претставува можност граѓаните активно да учествуваат во креирањето на буџетот, при што заедно ќе се разгледа и дефинира финалната листа на приоритети за следната година.

„Финалниот форум е шанса сите заедно да дискутираме за стратегијата за наредната година и да ги разгледаме нацрт-програмите за 2025.

Преку овој вид транспарентност и отчетност, обезбедуваме поправеден и поодговорен начин на трошење на општинските средства, слушајќи ги приоритетите на нашите жители“ порача Герасимовски.

На форумот ќе бидат презентирани капиталните проекти планирани за 2025 година, а граѓаните ќе имаат можност да предложат свои иницијативи и проекти. За оние кои немаат можност да присуствуваат, Општина Центар обезбеди онлајн анкетен прашалник, како и алатката „Мој Буџет,“ која овозможува транспарентен увид во проекцијата на приходите и расходите за следната година.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На Водно ја продолжуваме традицијата, бадниковите гранчиња нека донесат здравје, среќа и благосостојба

ДЕСК

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложбата „Кон светлината“ на Новица Трајковски

ДЕСК

СДСМ со конкретни мерки за загадениот воздух: Бесплатен превоз, пари за филтри, еколошко греење, чистење

ДЕСК