Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Џабе е зголемен бројот на производи кои се дел од „кошничката“ кога трговците ги зголемија цените

Цените во маркетите растат а граѓаните живеат се потешко. Џабе е зголемен бројот на производи кои се дел од т.н „новогодишна кошничка“ кога трговците веќе ги зголемија цените на овие производи, соопшти СДСМ.

„Политиките на власта со „кошнички“ се промашени и немаат никаков ефект. Измамата со кошничките граѓаните ја гледаат секој ден во маркетите каде што цените се зголемени.

Тоа го потврдуваат и последните податоци на Државниот завод за статистика кои покажуваат поголема инфлација за 4,3% во месец ноември и зголемување на цените на мало за 3,5%.

Високите цени и инфлацијата ги јадат семејните буџети, граѓаните имаат се помалку пари а тоа води кон поголема сиромаштија.

Лошите политики на Мицкоски удираат директно по џебот на народот.

Намесот лаги и манипулации власта треба да почне нешто да работи за заштита на стандардот на граѓаните и да ги прифати издржаните предлози на СДСМ за намалување на цените и зголемување на платите.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +