Centar.mk
вестЛОКАЛНО

Масовно пошумување на Ајватовски рид во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“

Општина Илинден успешно ја спроведе големата акција за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Акција за пошумување се реализира во изминатиот период на повеќе локации, а денес масовно се пошумуваше на Ајватовски рид, делот кој беше опфатен со големите пожари и беше уништена шума во површина од 30 ха.
Во оваа денешна акција за збогатување и обновување на шумскиот фонд, засадени се 1100 садници од видот багрем и чемпрес, а учествуваа голем број граѓани, ученици, јавните претпријатија, општинската администрација. Целта е да се обнови шумата и заеднички да ја подигнеме еколошката свест за здрава и чиста животна средина чии придобивки ќе ги чувствуваме сите ние но и генерации по нас.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски присуствуваше на акцијата и истакна дека обврска на секој од нас е активно да се грижи во подобрување на еколошката свест, со цел да допринесеме да имаме чист воздух и здрава животна средина, такашто во таа насока ваквите еколошки акции ќе продолжат и во иднина да се реализираат.

Заштитата и унапредувањето на животната средина претставува еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа.

Можеби ќе ве интересира

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува активности за чистење на просторот под Камениот мост

ДЕСК

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

ДЕСК

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА – Најавени прекини во повеќе градови и населени места

ДЕСК