Centar.mk
фото Центар.мк
вестМАКЕДОНИЈА

Запленети околу 1500 парчиња пиротехника во светиниколско

-На 11.12.2024 во 13.30 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе извршиле преглед во продажен објект во с.Амзабегово, светиниколско, сопственост на А.Б.(52) од с.Амзабегово. При прегледот биле пронајдени и одземени околу 1500 пиротехнички средства, соопшти МВР.

-За настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ПИШТОЛ, МУНИЦИЈА И ПОЛИЦИСКА ОПРЕМА ВО „ГОЛФ“ – Кривични пријави против двајца браќа од беровско

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ СКОПЈЕ – Шест лица приведени, меѓу нив и двајца турски државјани

ДЕСК

Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија

ДЕСК