Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар, пронајдени осум мигранти

Денеска (12.12.2024) во 01.30 часот на локалниот пат Богородица – Стојаково, на место викано „Табла“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Ј.Т.(29) од Република Турција, соопшти МВР.

-При преглед во возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти, од кои три од Сирија, три од Авганистан и две од Ирак.

Мигрантите биле предадени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. – информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ПИШТОЛ, МУНИЦИЈА И ПОЛИЦИСКА ОПРЕМА ВО „ГОЛФ“ – Кривични пријави против двајца браќа од беровско

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ СКОПЈЕ – Шест лица приведени, меѓу нив и двајца турски државјани

ДЕСК

Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија

ДЕСК