Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шолц: Верувам дека со Трамп ќе се најдe решение за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц е уверен дека ќе може да се договори со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за заедничка стратегија за Украина

„Убеден сум дека можеме да развиеме заедничка стратегија за Украина. Мојот водечки принцип останува дека ништо не може да се реши без да се даде глас на украинскиот народ“, рече Шолц во интервјуто за новинската група „Функе“.

Тој додаде дека имал детален телефонски разговор со идниот американски претседател, а неговиот тим е во директна комуникација со советниците за безбедност на Трамп.

Украина се очекува да биде главното прашање во кампањата за предвремените избори во Германија во февруари, кои уследија по колапсот на трипартиската владејачка коалиција на Шолц во Берлин минатиот месец.

Фридрих Мерц, конзервативниот опозициски лидер за кој се верува дека е на пат да го собори Шолц, рече дека Германија треба да испрати крстосувачки ракети Таурус, на што Шолц се противи бидејќи тоа може да ја ескалира војната.

Шолц најави нова воена помош за Украина во понеделникот за време на ретката посета на Киев, велејќи дека тоа е исто така порака до рускиот претседател Владимир Путин дека Берлин ќе стои покрај Киев се додека е потребно во војната./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

C +

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

C +

Поранешен шеф на ЦИА: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка

C +