Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Чупеска: Во СДСМ има нова енергија, почнуваме со силно присуство на терен меѓу граѓаните

Свесни се сите за грешките од оретходно, но сега во СДСМ има една сосема нова енергија. Изјави во емисијата Клан дебата, потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска.

„Раководството е една мешавина на млади и луѓе од средна возраст, сите од различни профили, сите со големи капацитети, одговорни и посветени и не прават никаков компримис во врска со социјадемократските убедувања, што е многу важно во една ваква ситуација. Уште од утре имаме силна теренска активност која е доста обемна. Работиме многу интензивно и посветено. ВМРО-ДПМНЕ дневно произведува толку многу скандали што ние мора да ги поправаме. Во секоја наша реакција има воочување на проблемот и нудење решение и тоа не е само гола критика“ посочи Чупеска.

Таа додаде дека партијата е во третата, завршна фаза на консолидација преку која треба да се заокружи избор на раководствата на општинските организации.

„Функционираме со полна пареа, следиме се што се случува во општеството“ рече Чупеска додавајќи дека само СДСМ може да го порази ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК