Centar.mk
СВЕТ

Блинкен разговараше со својот јужнокорејски колега

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера разговараше со јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чо Тае-Јул.

Тој го поздрави укинувањето на воената состојба и рече дека очекува демократскиот процес да надвладее во земјата, се вели во соопштението на Стејт департментот.

„Министерот ја изрази својата доверба во демократската отпорност на Република Кореја во овој период“, рече портпаролот Метју Милер во изјавата, користејќи ги иницијалите на официјалното име на земјата, Република Кореја.

„Секретарот Блинкен, исто така, потврди дека американскиот народ стои рамо до рамо со народот на Република Кореја и ќе продолжи да го прави тоа соочени со каква било провокација или закана за Алијансата“, додаде тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БУГАРИЈА СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ – Тројца навивачи остануваат во болница

ДЕСК

НОЌ НА ТЕНЗИИ ВО МОСКВА – Ограничен авиосообраќајот на повеќе аеродроми

ДЕСК

ДРАМАТИЧЕН ИНЦИДЕНТ НА АЕРОДРОМ ВО ВАШИНГТОН – Два авиона оштетени пред полетување откако се допреле

ДЕСК