13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Порака од претседателката Сиљановска Давкова по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Порака од претседателката Сиљановска Давкова по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Меѓународниот ден на лицата со попреченост нè потсетува на нашата обврска да изградиме општество на еднакви можности, каде поддршката и разбирањето се темел на секојдневната посветеност за интеграција на лицата кои своите способности ги изразуваат на различен, но подеднакво значаен начин.

Овие личности се неразделен дел од раскошниот мозаик на нашето општество. Со своите уникатни начини на манифестирање на знаењето, енергијата, креативноста и талентот, зрачат непроценлива вредност и додаваат посебна димензија во нашето секојдневие. Нивната видливост и активна вклученост во процесите на одлучување е нужна, оти никој не може подобро и посилно да ги застапува нивните интереси од нив самите.

Хуманизмот и солидарноста, темелни вредности на уставниот поредок, нè обврзуваат да ги гледаме различностите како извор на сила и прогрес, а не како ограничување. Македонија, како социјална држава, ја втемелува својата визија врз постулатите на еднаквост и правда за сите граѓани. Затоа, правичната и соодветна застапеност мора да се однесува и на лицата со попреченост.

Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост, којашто нашата држава ја има потпишано и ратификувано, не е само правен документ, туку и завет за целосна инклузија и активно учество на овие лица во сите сфери на општествениот живот.

Нека 3 Декември биде симбол на надеж и повик за создавање инклузивна заедница, каде секој глас ќе биде слушнат, секое право заштитено, а секоја можност подеднакво достапна за сите. Само така, Македонија ќе биде пристојно место за живеење, просперитетна држава и дом на среќни и достоинствени граѓани!

Гордана Сиљановска Давкова

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +