Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024, граѓаните да ги заменат навреме

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви.

Сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и гужви, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Комисијата за култура и туризам во посета на Археолошкиот музеј

ДЕСК

Јованчев: Владата на СДС и ДУИ во 2023 барала деловна соработка со Алта банка од Србија

ДЕСК

ОД НЕДЕЛА НОВА ОБВРСКА ЗА ВОЗАЧИТЕ – Зимската опрема станува задолжителна

ДЕСК