Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Народната банка ги информира и ги предупредува граѓаните: Внимавајте на лажни профили кои бараат лични податоци

Народната банка ги информира граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или преку телефонско јавување, се претставуваат како дел од реномирани компании коишто нудат некаков вид помош, посредување, па дури и парични награди, а притоа бараат лични податоци и уплата на средства.

Народната банка апелира до граѓаните да не откриваат лични податоци, ниту, пак, да преземаат активности на барање од непознати лица. Доколку имате добиено или ако во следниов период добиете неочекувани телефонски повици, е-пошта или СМС од сомнителни адреси или телефонски броеви во коишто ви се нуди нешто што не делува реално и вистинито, или ако од вас се бара откривање на личните податоци, не започнувајте комуникација во којашто ќе ги дадете вашите лични податоци или ќе одговорите на барање за трансакција/уплата на ваши средства на некоја банкарска сметка.

Доколку граѓаните добијат телефонски повик или порака преку друго комуникациско средство (електронска пошта или преку социјалните мрежи) од лице за кое се сомневаат дека лажно се претставува во име на Народната бaнка, веднаш да го пријават случајот во Народната банка преку официјалната е-адреса: opstiinfo@nbrm.mk .

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ПРЕД ВИКЕНДОТ – УХМР најави ветер, дожд и пониски температури

ДЕСК

НЕМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК НА 200 ДЕНАРИ – Амандманот не доби поддршка

ДЕСК

Крмов кон Мицкоски: Дали е точно дека лично сте насочувале и препорачувале на македонските институции да депонираат средства токму во Алта банка?

ДЕСК