4. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: Потребна е лидерска средба и повик за смирување на тензиите

Образложувајќи го барањето за лидерска средба, претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за „360 степени“ рече дека таа е потребна за да се смират страстите по минатонеделните, но и денешните инциденти.

„Македонскиот и албанскиот народ би рекол дека се пример во Европа за добар соживот помеѓу два народи. Народ со народ не се расправа, не се кара така спонтано. Политичарите се тие кои што ја палат искрата. И затоа сметам дека оттука треба да произлезе повикот за смирување на страстите и на тензиите и после лидерската средба излеземе на заедничка прес конференција и да упатиме повик, да се смират тие страсти, дека многу ни е битна, најбитна ни е стабилноста и мирот во земјата. Ги повикувам лидерите на најголемите политички партии и Христијан Мицкоски и Али Ахмети и лидерите на ВЛЕН да седнеме и да разговараме поради тоа што од тука треба да излезе пораката и повикот за смирување на тензиите“рече Филипче.

Според него, причини за интерпелација за министерот Панче Тошковски има многу, но додава дека во ваков момент, наместо решение, таквата интерпелација може дополнително да ја електризира атмосферата.

„Сметам дека интерпелација во Собранието нема да донесе ништо добро, напротив, со таква една остра реторика во Собраниетом ситуацијата може дополнително да се вложи, а има милион други причини за интерпелација на министерот Тошковски.