Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: И Каранфилова Пановска и Димитријевиќ се одлични кадри и докажани професионалци

Предизвик беше да се направи еден тим којшто ќе биде различен, којшто ќе биде спој на искуство и младост и тим којшто допрва ќе ја освојува политичката сцена кај нас, рече лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за 360 степени.

Зборувајќи за првите најблиски соработници, генералниот секретар и заменик претседателката на СДСМ, Филипче порача дека и двајцата биле докажани, професионални кадри.

„Генералниот секретар беше одличен менаџер на симулацискиот центар којшто е центар етаблиран и од Медицинскиот факултет во Скопје и од Министерството здравство и од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Штип и се покажа како одличен менаџер. Многу добро го познавам, исто како што ја познавам и заменичката Фани Каранфилова Пановска која години наназад работи во една општествена сфера. Подобрувајќи ги условите и услугите во делот на социјалата, во делот на образованието во делот на здравството. Таа е е неуморен работник, навистина голем професионалец со многу добра професионална работна навика и систем што мислам дека одлично ќе биде имплементиран и во партијата. Со нејзе работевме на поставување на системот на амбуланта во населбата Шуто Оризари, понатаму на подобрување на социјалните услуги на ранливите категории на Роми и луѓе со попречености. Така што она е веќе докажан работник во таа сфера“ посочи Филипче.

Во однос на реакциите од одредени бивши партиски функционери, Филипче рече дека вратата на СДСМ е отворена за секого и дека тој лично смета дека нема потреба од „расчистување“ со никого.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК