Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев

Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.

Неименуван „инфраструктурен објект“ е погоден на една локација надвор од Киев, а „приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар“ на друга, соопшти регионалната администрација, додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 „нападни воздушни средства“ – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети Кх-59/Кх-69 и 35 дронови.

„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Прашањето е дали Нетанјаху сака да ја продолжи својата политичка кариера

C +

Во невреме во Холандија дрво уби возач на автомобил, градот ги искрши покривите на камперите, издадено жолто предупредување

C +

Дмитриев ги повика вонземјаните да го убедат Стармер да поднесе оставка

C +