13. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

„Беше полн со живот, штотуку почна да живееш, толку се мачеше“: Врсниците се простија од тинејџерот претепан до смрт во Лесковац

„Почивај во мир наш Шики, ангелите да те чуваат, засекогаш ќе останеш во нашите срца!“, пишува во една од потресните објави на пријателот на 17-годишникот од Лесковац кој до смрт бил претепан од 18-годишен тинејџер, пишуваат српските медиуми.

Социјалните мрежи се преплавени со објави на врсници на А.И., кој вчера беше претепан до смрт. Пријателите се збогуваат со него, потсетувајќи дека А.И. бил добро момче и уште подобар пријател.

„Каква тага. Засекогаш наш Шики“, „Сочуство на семејството, срцето ми се кине“, „Почивај во мир добро момче“, „Беше полн со живот, штотуку почна да живееш, толку многу се мачешe “, се дел од објавите.

Медиумите потсетуваат дека денеска во 17 часот е планиран собир на местото каде до смрт беше претепан тинејџерот на кој граѓаните ќе запалат свеќа.

Според написите, 17-годишниот А.И. кој вчера беше брутално претепан, им подлегнал на повредите во Ургентниот центар во Лесковац. Соопштено е дека лекарите и покрај големата борба не успеале да го реанимираат. Неколку часа по нападот на момчето кое им подлегна на повредите, полицијата уапси неколку малолетници./Извор:Makfax