13. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

На 26.11.2024 во 17 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода И.Д.(48) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени и валути.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.