Centar.mk
СВЕТ

Макрон гледа шанса за стабилност во Либан во договорот за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах како можност за стабилизирање на Либан.

„Прекинот на непријателствата им нуди на Либанците можност, со поддршка на нивните партнери, да се впуштат во трајно закрепнување на земјата“, рече францускиот лидер во видео-обраќањето објавено на мрежата Х.

Тој повика на „моментален избор“ на либански претседател и реформи на институциите во земјата за да се овозможи финансиско закрепнување.

Макрон додаде дека Франција „нема да штеди напор“ да го поддржи прекинот на огнот и ќе го стори тоа со привремените сили на Обединетите нации во Либан, во кои Франција, рече тој, игра „централна улога со низа партнери“.

Францускиот претседател нагласи дека овој договор не значи дека треба да се заборави војната во Газа.

Тој рече дека Франција „ќе продолжи со напорите за постигнување прекин на непријателствата, ослободување на заложниците, масовен прилив на хуманитарна помош и, се разбира, праведно и трајно политичко решение во кое ќе бидат вклучени две држави“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Фон дер Лајен го менува планот: Брисел се откажува од сопствената разузнавачка служба по конфликтот со Каја Калас

C +

Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

C +

Макрон: Трамп посакува колапс на Европската Унија

C +