Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација

Изјавите на Мицкоски за „деполитизирана и професионална администрација“ се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада. Ова е уште еден апсурден обид да се прикаже лажна реалност додека граѓаните сведочат за невидена партизација и злоупотреба на јавната администрација, реагираат од СДСМ.

„Денес, администрацијата е претворена акционерско друштво за вработување на партиските кадри. Наместо компетентни и професионални кадри за шест месеци Мицкоски ги деградираше професионалците и постави луѓе без никакви компетенции и знаења, а од квалификации поседуваат само партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ.

Досега видовме систематско прекршување на процедурите, поставување на три заменици директори во Царина, поставување на директор на АНБ спротивно на законот, поставување на раководители без соодветни квалификации. Јавната администрација стана заробеник на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните се оставени да се борат со бавни услуги, хаос и нефункционалност.

Како може Владата, која отворено игнорира закони и критериуми за назначување кадри, да ветува „вреднување на трудот“?

Мицкоски треба да престане со манипулациите и партизирањето. Јавната администрација мора да биде сервис за граѓаните, а не алатка за партиски интереси. Наместо празни зборови на конференции, потребни се конкретни дела: итна департизација, санкции за корумпираните функционери и воспоставување јасни и транспарентни критериуми за вработување и напредување во администрацијата.

Граѓаните заслужуваат ефикасна, професионална и независна администрација. Во лагите на Мицкоски не верува никој.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК