Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тошковски на средба со претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ал-Раиси

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски работната посета на министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати ја искористи за средба со претседателот на ИНТЕРПОЛ Ахмед Насер Ал-Раиси.

На средбата се разговараше за поефикасно користење на базите на податоци на ИНТЕРПОЛ со цел поефикасна борба со транснационалниот криминал во сите негови облици, поддршка на прекуграничните заеднички истраги и континуираност на обуките.

„Со претседателот Раиси се сложивме дека заедничка е одговорноста за сериозен пристап во полициското делување и подготвеноста за справување со сите идни предизвици. Изминатите 30 години, преку членство во најголемата светска полициска организација, се сведоштво на нашата посветеност и подготвеност за активна глобална полициска соработка и борба против криминалот и корупцијата.“, потенцираше министерот Тошковски.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК