Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за прочистување на Дојранското езеро

ВМРО-ДПМНЕ одби уште еден амандман на СДСМ, со кој беше предложено да се обезбедат средства за изградба на колекторскиот систем во општина Дојран. Овој проект е од суштинско значење и за санитарните и за еколошките услови во општината, особено за заштитата на водата во Дојранското езеро, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисијата за финансирање на буџет.

– Со овој колекторски систем ќе се овозможи собирање и прочистување на отпадните води, пред нивното испуштање со што ќе се спречи загадувањето на езерото и ќе се подобри квалитетот на водите, придонесувајќи за заштита на природната средина, рече Лукаревска.

Таа објасни дека со реализација на овој проект општина Дојран ќе го зајакне својот туристички потенцијал, ќе има позитивни економски ефекти, а ќе се зголеми и квалитетот на живот на локално население.

Заменик министерот за финансии и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, го одбија и овој амандман на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК