13. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

На денешниот состанок помеѓу лидерот на СДСМ Венко Филипче и претседателката Гордана Силјановска Давкова се зборувало и за состојбата во безбедносните служби.

Филипче во изјава по средбата кажа дека тој ѝ укажал на Давкова за партизација на службите, изразувајќи загриженост за најавеното нивно спојување.

„Ние направивме реформа со која безбедносните служби се поделени и професионализирани и навистина сметаме и реагираме дека треба да се запре партизацијата, која особено сега се случува во Агенцијата за национална безбедност. Дополнително, сметаме дека обединување на агенциите од две во една, ќе направи навистина гломазна институција која тешко може да се контролира. Тоа ѝ и го укажав денеска на претседателката“ рече Филипче додавајќи дека Давкова ги нотирала сите негови забелешки.