Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Денеска ќе се одлучува за притворот за 12 уапсени поради трагедијата во Нови Сад

Сите уапсени поради падот на натстрешникот на Железничката станица во Нови Сад денеска ќе бидат сослушани, објави српски „Блиц“. Како што јавуваат, потоа тоа судот ќе донесе одлука за евентуален притвор.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад вчера соопшти дека се уапсени и приведени вкупно 12 лица во врска со трагедијата во Нови Сад кога падна натстрешникот на Железничката станица во Нови Сад, при што вкупно 15 лица го загубија животот, а двајца се тешко повредени.

Меѓу уапсените се Горан Весиќ, до неодамна министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, потоа Анита Димовски, в.д. помошник-министер за железници и интермодален транспорт, и Јелена Танасковиќ, до неодамна вршител на должноста директор на „Српската железничка инфраструктура“. Горан Весиќ поднесе оставка на 5 ноември, а Јелена Танасковиќ во средата.

Порталот „Република“ јавува дека меѓу уапсените е и Небојша Шурлан, поранешен директор на „Српската железничка инфраструктура“, кој на оваа функција беше до март годинава кога поднесе оставка./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Десетици илјади граѓани пристигнуваат во Нови Сад – Се одбележува година дена од невидената трагедија со падот на настрешницата во која загинаа 16 лица

ДЕСК

Илјадници студенти пристигаат во Нови Сад на собир по повод годишнината од трагедијата на железничката станица

C +

Хрватскиот државјанин киднапиран во Мали се врати дома

C +