Centar.mk
РЕГИОН

Сараево осамна под снег: Зимската идила направи колапс, сообраќајот забавен, тротоарите затрупани, гранки насекаде

Сараево утрово осамна под снегот. Снегот кој почна да паѓа во средата попладне во Босна и Херцеговина за кратко време предизвика бројни проблеми на градските улици и автопатишта.

Како што пренесува Кликс, најпрвин силен дожд, а потоа и поголемо количество снег предизвикале лизгави коловози, што довело до поголем број сообраќајни несреќи во Сараево.

Од тежината на влажниот снег има многу скршени гранки и дрвја, а се чини дека на пешаците им е најтешко со оглед на тоа што тротоарите се многу лошо или воопшто не се исчистени низ Сараево.

Зимските служби на КЈКП Рад во текот на ноќта го расчистија главниот пат, но споредните улици се уште се под дебел слој снег, пишува Кликс./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ со порака од Пекинг: Можно е наскоро да поднесам оставка

C +

23 лица се приведени доцна синоќа поради напад врз полицајци во Белград

C +

Драматични сцени по протестот во Белград: Апсења, судири и полициска реакција во центарот

ДЕСК