13. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ажурираната нуклеарна доктрина на Русија е лукав потег на Путин против Бајден и му оди во прилог на Доналд Трамп

Нуклеарните закани на Москва се прилично суптилна игра која директно не ѝ штети на Русија, туку му штети на актуелниот американски лидер Џозеф Бајден и му користи на новоизбраниот претставник Доналд Трамп, пишува британски Телеграф.

Весникот наведува дека ажурирањето на руската нуклеарна доктрина има многу предности за Кремљ: излегуваат наслови, изгледа страшно и, со малку среќа, ќе ги натера Американците да размислат двапати за испораката на ракети на Украина.

Исто така, им дава муниција на критичарите на Бајден кои го обвинуваат за ескалација на војната и во исто време ја зајакнува позицијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој рече дека сака да стави крај на војната што е можно поскоро.

Но, за самата Русија промената на нуклеарната доктрина не создава никакви проблеми, бидејќи таа е едноставно потпишување внатрешен документ, а не фрлање бомба, наведува Телеграф.

Татјана Становаја, виш научен соработник во Центарот за Евроазија Карнеги Русија, предупреди дека понатамошната ескалација може да биде „опасно примамлива“ за Русија.

„Тоа ќе го изложи Бајден на дополнителни критики и ќе го зајакне аргументот на Трамп за директен дијалог со Владимир Путин, зголемувајќи ги шансите за решение на војната според руски услови“, смета таа.

Според Телеграф, Путин ги најавил промените во септември, па затоа не е изненадување.

Тоа е документ, а не бомба, така што ефективно се придржува до непишаното правило, според британскиот весник./Извор:Makfax