Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче: Обединување за доброто на скопјани или ќе го преиспитаме учеството во Советот

Градот Скопје се наоѓа во хаос, а граѓаните страдаат од последиците на нефункционалноста на јавниот превоз и натрупаниот смет. Ова е оцената на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој ја најави иницијативата на неговата партија за итна седница на Советот на Град Скопје.
„Скопје не заслужува ваква негрижа и хаос. Градот реално се наоѓа во криза и побарав од советничката група на СДСМ да иницира итна седница на Советот на Град Скопје. Ги повикувам сите советници, без разлика на партиската припадност, да застанат зад ова барање и да се одржи оваа седница во најкус рок,“ изјави Филипче.

СДСМ најавува конкретни предлози со кои ќе се стави крај на кризата, истакнувајќи дека обединувањето на сите советници и политички партии е клучно.„Ќе предложиме конкретни мерки кои верувам дека заеднички ќе ги поддржат сите советници и конечно да им се излезе во пресрет на граѓаните. Потребно е обединување заради интересите на скопјани,“ нагласи тој.

Претседателот на СДСМ предупреди дека доколку овој обид за акција биде блокиран, партијата ќе размисли за напуштање на Советот на Град Скопје. „Нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град,“ рече Филипче.
СДСМ апелира до сите политички субјекти во Советот да покажат одговорност и да застанат на страната на граѓаните. Граѓаните на Скопје, велат од партијата, заслужуваат функционален и чист град, а не хаос и неработење.

Можеби ќе ве интересира

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: На момче му ги украле парите и мобилниот телефон во 9 часот сабајле

ДЕСК

Нов скандал со брз кредит ја тресе Македонија: Со туѓа лична карта аплицирал за онлајн кредит од 15.000 денари

ДЕСК

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ГОСТИВАР – ФОРИНО: Мотоциклист тешко повреден

ДЕСК