Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

-На 14 ноември, околу полноќ, осомничениот во алкохолизирана состојба, го зел со автомобил оштетениот под изговор дека ќе разговараат и го однел во сопствениот дом. Пред сопругата и двата сина извадил пиштол и започнал да пука кон него. Му нанел повеќе повреди, по што сведоци го пренеле оштетениот во болница.

Бидејќи постојат законски основи – опасност од бегство, можност дека ќе влијае врз сведоците или ќе го доврши обиденото дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

НЕДЕЛА ПОСВЕТЕНА НА ВЕРАТА И МИЛОСРДИЕТО – Православните верници ги чествуваат Богородица Брзопослушничка и Света Матрона

ДЕСК

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари, нема повредени

ДЕСК