Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина треба да стори сé што е можно за да ја заврши војната со Русија, вели Зеленски

Украина треба да стори сé што е можно за да ја заврши војната со Русија следната година преку дипломатски пат, изјави претседателот Володимир Зеленски, пренесува БТА.

Ситуацијата на фронтот во источна Украина е тешка и Русија напредува, призна Зеленски.

Вчера тој изјави дека под идниот американски претседател Доналд Трамп „војната ќе заврши побрзо“.

Зеленски изрази задоволство од неговите неодамнешни контакти со Трамп, и покрај загриженоста дека американската помош за Украина може да се намали во времето на следниот шеф на Белата куќа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Ќе се обидам да дојдам на свадбата на мојот син, го познавам долго време

C +

Американската војска: Силите на Блискиот Исток се во состојба на зголемена готовност

C +

Руте се обидува да го задржи Трамп во НАТО. „Ова може да предизвика нов конфликт со ЕУ“

C +