Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шмигаљ: Четири милијарди евра од Европскиот фонд за поддршка на Украина

Европската комисија даде позитивна оценка за доделувањето на втората транша финансиска помош за Киев во износ од 4,1 милијарди евра од Европскиот фонд за поддршка на Украина, а одлуката мора да биде одобрена од Советот на Европската унија, објави украинскиот премиер Денис Шмигаљ.

Европската комисија утврди, според написите во светските медиуми, дека Украина ги исполнила сите девет точки од реформските обврски, што беше услов за исплата на новата транша од помошта. Се нагласува дека реформите се однесуваат на борбата против корупцијата, условите за бизнис, правилата на пазарот на труд, стандардите на пазарот на енергија и заштитата на животната средина.

Шмигаљ истакна дека по исплатата на оваа транша, Украина годинава ќе добие 16,1 милијарди евра од Европската унија, пренесува Укринформ.

Очекуваме Советот на ЕУ брзо да ја потврди денешната одлука на Европската комисија, изјави украинскиот премиер.

Европскиот фонд за поддршка на Украина е програма од 50 милијарди евра, а беше одобрена на крајот на минатата година за периодот од 2024 до 2027 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Taткото и синот кои го извршиja масакрот во Австралија на семејството му рекле дека одат на риболов, се истражуваат врските со Исламска држава

C +

Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет

C +

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

C +
error: Соддржината е заштитена.