Centar.mk
СВЕТ

„Фокс њуз“: Трамп ќе назначи специјален претставник за мировните преговори во Украина

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп планира да назначи специјален претставник за преговорите со цел изнаоѓање мирно решение за конфликтот во Украина, објави „Фокс њуз“ повикувајќи се на неколку неименувани извори.

„Ќе видите многу искусен специјален пратеник, некој со голем кредибилитет, кој ќе има задача да најде решение за да се постигне мирно решение во Украина. Ќе го видите набргу“, изјавил еден од изворите.

„Фокс њуз“ наведува дека улогата на специјален пратеник не се очекува да биде платена улога и дека Курт Вокер ја извршувал функцијата за украинските преговори на волонтерска основа од 2017 до 2019 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Иран има уште една шанса да ги прекине заканите

C +

Трамп: Со Иран преговараме за 15 точки, откажувањето од нуклеарната програма приоритет број еден, два и три

C +

Трамп: Ормутскиот теснец ќе биде отворен многу наскоро

C +