13. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ го намалува буџетот за одбрана, а за 75% ги зголемува средствата за набавка на службени возила

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната собраниска комисија за финансирање и буџет направи споредба помеѓу сето она што ВМРО-ДПМНЕ го зборувала за буџетит додека била опозиција и она што таа како власт го прави при креирањето на Буџетот за 2025 година.

„Да ја цитираме тогашната опозиционерка денес министерка за финансии: „Имено, доколку го замислиме буџетот како 1000 денари, владата од него дава 127 денари за плати на јавната администрација, 86 денари за набавка на стоки и разни услуги, 656 денари одат за сите трансфери кои ги спроведува владата, 38 денари се даваат за камати, а само 23 денари за капитални инвестиции“, рече Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ“. Е денеска, вие самата предлагате покачување на 19% на буџетот за стоки и услуги, од 58, на 72 милиони! Знаете ли колку прес конференции одржа ВМРО опозициска за набавка на возила, на пример. Јас паметам преку 10 каде кажувавте како расипнички се трошеле парите на возила и луксуз. Ај да го видиме вашиот буџет. Зголемување за фрапантни 75%! Па нели беше расипништво тоа? Речиси двојно повеќе возила за функционерите ќе купите од СДСМ“ порача Филипче.

Лидерот на СДСМ се осврна и на буџетите на министерствата во Владата, изразувајќи загриженост дека буџетот во секторот одбрана се намалува, додека во министерството за внатрешни работи се зголемува.

„Ајде да видиме што ВМРО опозициска зборуваше за буџетот на МВР? ВМРО-опозициска: „МВР ставката патни и дневни расходи ја зголемува за 45%“. А, ВМРО владеачка? Или што би рекол премиерот, математичкли прецизно: 42,25% повеќе. Дополнително, она што загрижува е драстичното зголемување на средствата за МВР наспроти средствата за Министерство за одбрана. Како земја членка на НАТО, сметаме дека намалувањето на средствата за буџетот на армијата е несоодветен и недозволен“ порача Филипче.