13. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пет години од отворањето на мрежата на Јуроп Хаус

На 05 ноември 2024 година, Јуроп Хаус Скопје одбележа 5 години од нејзиното отворање и воспоставувањето на мрежата на „места на новата генерација“ во Северна Македонија. Годишнината се совпадна со Меѓународниот драмски студентски фестивал „Скомрахи“ во 2024 година.

Јуроп Хаус во Северна Македонија беше отворена во ноември 2019 година, со отворање на Канцеларија во Скопје од страна на тогашниот претседател на Европскиот парламент Давид Сасоли (1956 – 2022). Во текот на петте години, мрежата прерасна од една на седум со отворање на канцелариии во Крива Паланка и Струмица (2020), Битола и Велес (2023) и Струга и Тетово (2024). И покрај тоа што обезбедува урамнотежена географска покриеност, мрежата на Јуроп Хаус вклучува претежно, но не исклучиво, млади луѓе од сите сфери на животот.

Одбележувањето на 5-годишнината беше искористено за поддршка на изданието на Меѓународниот фестивал на драмски студенти „Скомрахи“ за 2024 година. Од 01 до 5 ноември под покровителство на Јуроп Хаус се одржаа 6 театарски претстави, 8 филмови, 1 изложба и бројни студентски средби. Завршувањето на „Скомрахи“ го одбележа централниот настан на мрежата на Јуроп Хаус. Сето ова заради поддршка и вреднување на секторот култура во Северна Македонија што Јуроп Хаус постојано го покажува.

Но, културата е само една област од активностите на Јуроп Хаус. Мрежата, исто така, вклучува учесници од областа на животна средина, образование, здравство, човекови права, дигитални вештини, претприемништво и многу повеќе. Целта е да се вклучат младите во активности и иницијативи кои се важни за нив и кои се поврзани со ЕУ, нејзините вредности и политики.

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас по овој повод рече „Мисијата на Јуроп Хаус е да ја приближи ЕУ до младите луѓе и во исто време да им помогне да ги остварат своите соништа и аспирации овде во Северна Македонија. На овој начин сакаме да придонесеме за подготвување на новата генерација идни граѓани и лидери на ЕУ“.

До денес, мрежата на Јуроп Хаус организираше околу 3.500 настани, во кои учествуваа 140.000 учесници. Секој ден, 70-100 млади луѓе комуницираат со или преку мрежата – било да е тоа за поттикнување врски, учење или споделување визија за иднината. Мрежата на Јуроп Хаус ќе продолжи да биде енергична, да ги зближува младите и општеството да споделуваат идеи, да учат и – што е најважно, да прават разлика!