13. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Повеќемина уапсени низ Македонија, полицијата со полни раце работа

На 05.11.2024 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода лицето (33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.11.2024 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лицето.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.11.2024 во 16.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода лицето.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.11.2024 во 02.10 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода лице(21) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 05.11.2024 во 14.40 часот, полициски службеници од СВР Велес привеле лице. од Велес, кој бил баран со наредба од Основен суд Велес за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На 05.11.2024 во 16.40 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници лишиле од слобода лице (30) од Копаница, скопско, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека возачката дозвола што ја дал на увид била фалсификувана. По насока на Јавен обвинител, возачката дозвола му е одземена, а тој бил предаден во Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Куманово за понатамошна постапка.