Centar.mk
СВЕТ

Харис ветува крај на војната во Газа, Трамп ново златно време на Америка

На самиот крај од вжештените предизборни активности, кандидатите за нов американски претседател се борат за гласови во клучните држави, при што демократската кандидатка Камала Харис ветува крај на војната во Газа, а нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп – „Ново златно време“ на Америка.

Во државите во „нишање“, кои се сметаат за клучни за исходот на утрешните претседателски избори, потпретседателот и поранешен претседател на САД се обидуваат да ги убедат гласачите да гласаат за нив, зборувајќи за здравствената заштита, војната на Блискиот Исток и економските прашања.

Обраќајќи им се на гласачите на Државниот универзитет во Мичиген, Харис рече дека „ќе стори се што е во нејзина моќ за да се стави крај на војната во Газа“, објави Би-Би-Си./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Пред нас е глобална трансформација; Унгарија и Брисел немаат ист пат

C +

Министрите на Германија, Франција и Полска на состанок за поддршка на Украина

C +

Мерц му порача на Зеленски: Младите Украинци да ѝ служат на својата земја, а не да бегаат во Европа

C +