Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Трагедија близу Прилеп: Излета камион, загина возачот

На 01.11.2024 година во 13.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод -Прилеп, на превојот „Барбарос“ се случила сообраќајна несреќа, при што Е.У. (56) од Богданци управувајќи товарно моторно возило „Сканиа“ со гевгелиски регистарски ознаки, во сопственост на правен субјект од Богданци, загубил контрола врз возилото и излетал надвор од патот.

Во несреќата од здобиените тешки повреди возачот починал на местото на настанот, а смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК