Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Температурите значително паѓаат, синоптичарите со нови најави: Метеоцентар ја објави четиридневната прогноза

Под влијание на постудена воздушна маса од север утре ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени. Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени, а дневните само понекаде ќе достигнуваат 20 степени.

Прогноза за 04.11.2024
Минимална температура: -2°C до 7°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Наутро постудено со слаба магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 05.11.2024
Минимална температура: -6°C до 4°C
Максимална температура: 13°C до 20°C

Наутро студено со услови за слаба магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност.

Прогноза за 06.11.2024
Минимална температура: -4°C до 5°C
Максимална температура: 14°C до 19°C

Наутро студено со услови за слаба магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИКА САБОТА: Не смееме да ги правиме овие работи до полноќ

ДЕСК

Важна вест за скопјани – Посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје денеска

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК