Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДВАЕСЕТ И ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА ПЕТ ДЕНА – Полицијата привела 14 лица по случаи на семејно насилство

Полицијата постапувала по 25 пријави за семејно и партнерско насилство од 1 до 5 ноември, соопшти МВР. Во дел од случаите биле лишени од слобода и приведени вкупно 14 лица.

Пријавите опфаќаат физички напади, закани, психичко малтретирање и вознемирување на сопружници, поранешни партнери и други членови на семејството. Регистрирано е и непочитување изречени заштитни мерки и решенија поврзани со видувања со малолетни деца.

Меѓу случаите се закана со остар предмет кон мајка во Скопје и пријавено следење од поранешен партнер во Тетово. Министерството најави соодветни пријави по документирањето на настаните.

Можеби ќе ве интересира

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК

БОГДАНЦИ ЌЕ ПОБАРА ПРАВДА – За утре е најавен мирен протест во чест на Билјана

ДЕСК