22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русите го нападнаа Киев 19-ти пат овој месец: има повредени, а уништена е и градинката

Девет лица се повредени, неколку станови се опожарени, а детска градинка е оштетена во 19. руски напад врз украинската престолнина овој месец, соопштија властите во Киев.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија лансирала 62 беспилотни летала во текот на ноќта, но противвоздушната одбрана уништила 33 од нив над Киев и други региони, иако 25 се водат за исчезнати.

„Деветнаесет воздушни напади врз Киев во октомври!“, напиша Серхи Попко, шеф на воената администрација на Киев, на апликацијата за пораки Телеграм. „Во текот на ноќта руските беспилотни летала повторно го прелетаа главниот град“.

Остатоците што паднаа од уништениот дрон предизвикаа пожар во повеќекатната станбена зграда во западниот кварт Соломјански во Киев, при што беа повредени најмалку девет лица, меѓу кои и едно 11-годишно девојче, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.

На сите им беше укажана помош од лекари на лице место, изјави Кличко.

Од зградата се евакуирани 19 лица, соопшти градската воена управа, која објави и фотографии од зградата со разнесени прозорци и оштетена фасада, за која велат дека е градинка во Соломјански.

Во текот на ноќта повеќе од два часа беше во сила воздушна тревога низ Киев, околниот регион и речиси цела источна половина на Украина./Извор:Makfax