Centar.mk
фото скриншот од владино видео од денешната прес конференција / Youtube/Vlada
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени

Интегрална изјава на премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Теарце:

Добар ден и од мене.

Би сакал да кажам дека сум исклучително среќен што денеска, заедно со колегите од Владата, со градоначалниците, со градоначалникот на Општина Теарце, со пратениците од македонското Собрание, со граѓаните на Општина Теарце, сведочиме на пуштање еден објект којшто е многу значаен за оваа општина, но и пошироко, би рекол, има регионално значење. Она што денеска го слушнав во неформалниот дел од разговорот со градоначалникот е дека со пуштањето во функција на овој објект веќе немаме листа на чекање, односно капацитетите се, што се вели, исполнети — 147 дечиња ќе можат да растат, да другаруваат и да ги поминуваат своите детски години токму во овој прекрасен, енергетски ефикасен објект.

Ја користам оваа пригода да му се заблагодарам на амбасадорот Рокас, Неговата Екселенција, којшто со поддршката што ја дава навистина инспирира, и очекувам дека вакви објекти и во иднина ќе пуштаме. Сакам да му се заблагодарам на градоначалникот на Општина Теарце, којшто затекна многу проблеми, но со својата посветена работа ги решава тие проблеми и еве денеска сведочиме на пуштање на овој објект. Исто така, би сакал да му се заблагодарам на мојот колега од Владата, министерот за социјална политика, демографија и млади, којшто несебично се посвети да ги реши сите оние предизвици што беа на листа на чекање и, еве, денеска сите ние да бидеме присутни тука на отворањето на овој објект.

Да им се заблагодарам на сите пратеници од полошкиот регион коишто се борат за проект повеќе, за да можат такви проекти да се реализираат уште повеќе, бидејќи со нивната работа тие не само што ја поддржуваат работата на Владата, туку навистина сакаат да создадат подобри услови за жителите во полошкиот регион. Да им се заблагодарам, се разбира, на советниците коишто ја поддржуваат овде работата на градоначалникот и на администрацијата којашто ги подготвува сите овие работи.

Ние како Влада ќе продолжиме и во иднина да финансираме проекти во локалната самоуправа. Само да потсетам, откако оваа Влада беше избрана во јуни 2024 година — значи цели 27, еве веќе 28. месец сме Влада — повеќе од половина милијарда евра се реалоцирани од централниот буџет кон општините за финансирање проекти, а тоа е нешто што досега во историјата на државата се нема случено.

Така што, уште еднаш еве честитки и благодарност до сите.

Ви благодарам.

фото скриншот од владино видео од денешната прес конференција / Youtube/Vlada