Centar.mk
БИЗНИС

На 2-ри ноември ќе се одржи настан „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

На 2-ри ноември во 11.00 часот во Паркот Авионче – Ново Лисиче, општина Аеродром ќе се одржи настан „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ каде што ќе има над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земоделци кои што ќе го промовираат нивниот домашен производ.

Со оваа манифестација ќе се промовираат нашите домашни и традиционални производи. Преку мерки во програмите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им помага на земјоделците да произведуваат повеќе храна во Македонија, со што ќе се намали увозот, а истовремено работиме да станеме препознатлив бренд во светот.

За вакви настани Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство додели 56 договори за поддршка на локални манифестации/саеми во вредност од над 6 милиони денари. Токму преку вакви настани се промовираат македонските производи, руралниот туризам и зачувување на традиционалните вредности.

Оваа манифестација е доказ дека соработката помеѓу Министерството и земјоделците може да се достигне до посакуваната цел, а тоа е промоција на нашата домашна храна.

„Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ е синоним на успешна соработка помеѓу земјоделците и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Овој настан го организира здружението „Винотек“ со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како помагатели на настанот се јавуваат и Организацијата за храна и земјоделство на ООН – FAO, Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG RRD, Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ), имплементирано од германското друштво за интернационална соработка (GIZ) и проектот за поддршка на диверзификација на економски активности во Југоисточна Европа.

Можеби ќе ве интересира

Нафтата достигна 112 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК