Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Лимани: Новата детска градинка во Ѓорче Петров ќе обезбеди влез на нови 100 деца во предучилишното воспитание и образование

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска заедно со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицковски, градоначалникот на О. Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, министерот Мисајловски, заменик министерот Велковски, и останати присутни пратеници, советници и граѓани, симболично го означија почетокот на изградба на новата детска градинка во населеното место Стопански Двор, О. Ѓорче Петров.
„Оваа детска градинка претставува значајна инвестиција во иднината на нашите деца. Нови 100 деца добиваат можност да посетуваат градинка во своето место на живеење. Истовремено ова претставува двојна придобивка, и за родителите кои можат да се вклучат на пазарот на труд со згрижувањето на нивните деца, подобрување на економската состојба на семејството, а и за нас како држава со зголемување на бројката на вработени граѓани,“ посочи министерот Лимани.
Новата детска градинка која е дел од ЈОУДГГ Росица, се гради со одлука на Владата за распределба на средства обезбедени со Потпрограма ЗА – изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита во вредност од 60 милиони денари.
„Ова е само почетокот на нашите заложби за подобрување на животните услови на најмладите. Веруваме дека со заеднички напори ќе создадеме подобра и посветла иднина за нашите деца. Во периодот кој следува засилено ќе инвестираме во изградба на нови градинки, со цел намалување на листите на чекање за влез во предучилишните установи. Затоа што секое дете треба да има можност да биде дел од предучилишното воспитание и образование,“ истакна Лимани.
На крајот порача дека Владата и министерството остануваат отворени за сите предлог решенија кои ќе бидат за подобрување на нивната благосостојба.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +