Centar.mk
СВЕТ

Апокалипса во Шпанија: Повеќе од 50 мртви во големи поплави (видео)

Поплавите во Шпанија ја оставија цела Европа во шок. Многу обилни дождови поплавија патишта и цели градови.

Пороите однесоа автомобили, возови излетаа од шините, а уништени се непознат број згради и куќи.

Властите во најтешко погодените области ги советуваа луѓето да останат дома и да ги избегнуваат сите несуштински патувања.

Службите за итни случаи соопштија дека најмалку 51 лице загинале во поплавите што го погодија југоисточниот дел на Шпанија.

Меѓу жртвите во регионот на Валенсија има и деца.

Во Летур, во близина на Сиера де Сегура, 30 луѓе останаа заробени откако реката што минува низ градот излета од коритото.

Видеата кои кружат покажуваат како луѓе се обидуваат да се спасат од поплавите качувајќи се на дрвја. Властите користеа хеликоптери за да ги спасат жителите од нивните домови.

Други видеа споделени од шпанските радиодифузери покажуваат дека водата навлегува во куќите додека автомобилите се носат по улицата.

Радио и ТВ станици добија стотици повици за помош од луѓе заробени во поплавените подрачја или во потрага по најблиски, бидејќи службите за итни случаи не можеа да стигнат до сите погодени локации.

Апокалиптичните поплави во Шпанија, според последните информации, однесоа 52 животи. Меѓу загинатите има и деца, а уништени се непознат број згради и куќи.

Можеби ќе ве интересира

Хакери упаднаа во системот на француското министерство, пристапија до тајни бази на податоци

C +

Путин: 2025 година значајна пресвртница во воената кампања, „Орешник“ ќе биде ставен во борбена готовност до крајот на годината

C +

Американците убија преживеани по напад на брод; Хегсет: Нема да ја објавиме снимката

C +