Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ВМРО ДПМНЕ: СДС е распадната структура, коридорите и беа маска за полнење на сопствените џебови

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Во СДС се далеку од реалноста и се дезориентирани. Политичката сцена бара сериозност и одговорност, а СДС наметнува реторика без суштина.

СДС е само распадната структура која нема кредибилитет, компетентност, ниту има слух за проблемите на граѓаните и нивно решавање.

ВМРО ДПМНЕ не игра на карта на тврдоглавост, туку работи во интерес на граѓаните.

ВМРО – ДПМНЕ никогаш не е против коридорите, планот е јасен, коридорите се неопходни за поврзување и развој на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ не е против реализирање на проекти. За ВМРО-ДПМНЕ е клучен начинот на реализирање на проектите.

ВМРО – ДПМНЕ со домаќинското работење покажа дека всушност коридорите може да се реализираат со намалување на средствата. Со коридорите Македонија ќе има значајна улога во транспортната и енергетската инфраструктура на европската мапа.

СДС е поим за најнеодговорна партија и партија која се грижи само за корупција и за сопствените интереси.

СДС на 8 мај доби црвен картон од граѓаните и време е да ја научи лекцијата.

СДС мора да ја прифати реалноста, нивното време заврши!

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК