Centar.mk
фото Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
-МАКЕДОНИЈА

ДВЕ АПСЕЊА ЗА НЕЖИГОСАНИ ДРВА – Едниот затекнат со натоварена приколка, кај другиот пронајдени дрва и моторна пила

Двајца мажи се лишени од слобода во две одделни полициски интервенции во прилепско и крушевско, откако биле затекнати со нежигосани огревни дрва.

На 29.10.2026 во 14:30 часот во село Житоше, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово лишија од слобода 57-годишен жител на Житоше.

Тој на место викано „Надводеница“ во селото бил затекнат со приколка натоварена со нежигосани огревни дрва.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Истиот ден, во 16:20 часот, во село Белушино, крушевско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово лишија од слобода 69-годишен жител на селото.

При преглед на трактор со крушевски регистарски ознаки, кој тој го управувал, биле пронајдени и одземени нежигосани дрва и моторна пила.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Кузмановска: СДММ е со студентите – Бараме достоинствени услови во домовите и студентски оброк од 200 денари

ДЕСК

ТРАГЕДИЈА ВО Македонија – Млад маж пронајден починат во куќа, наредена обдукција

ДЕСК

ВЕЧЕРЕН ИНЦИДЕНТ ВО ПРИЛЕП – 37-годишник пријавил дека бил физички нападнат на улица

ДЕСК