19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трајановски да не штити никого, скандалите во ЈПДП треба да ги истражи Јавното обвинителството, вели СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Откако СДСМ го објави скандалот во ЈПДП во којшто на незаконски начин е дозволено поминување на 40 возила Коце Трајановски се обидува да го заштити Раководителот на наплатата на патарините, но неуспешно.

Дури откако реагираше СДСМ на прес конференција им текна да се бара наплата преку Секторот за финансии, со фактура за дозволеното незаконско поминување на 40 возила низ патарините.

Чекале повеќе од еден месец и воопшто не постапиле согласно правилата, прво да се израби профактура пред настанот, и секогаш да биде наплатено пред поворката од возила да помине.
Сето ова е јасен показател дека Раководителот на наплата на патарините, Ванчо Милевски е фатен во класична злоупотреба на службената положба и основано сомнение за сторено кривично дело.

Ова самоволие и прекршување на законот се случува во време кога се поднесени кривични пријави за 6 вработени во јавното претпријатие дека пропуштале возила на полицајци без да платат патарина.

Го повикуваме Коце Трајановски да не пробува да го извади Раководителот Ванчо Милевски. Трајановски има обврска да го пријави случајот и да побара од надлежно Јавно обвинителство да го расчисти во целост. Во спротивно Трајановски станува соучесник во кривичното дело.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК