Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Сè што кажа- Мицкоски излажа, и договорот со „Бехтел и Енка“ му стана историски најдобар

-Сè што кажа Христијан Мицкоски, секое негово ветување додека беше во опозиција се покажа како голема лага и измама. Граѓаните гледаат дека Мицкоски како премиер прави сè, ама буквално сè обратно од тоа што го говореше и го ветуваше пред изборите, велат од СДСМ.

„Кога беше во опозиција Мицкоски на сите ѕвона го прогласи договорот со „Бехтел и Енка“ за „историски криминал“ и тврдеше дека е „спорен по сите основи“.

Е ама откако седна во премиерската фотелје смени лента Мицкоски преку ноќ. Сега наеднаш Мицкоски го фали со истиот тој договор со „Бехтел и Енка“, гордо кажува дека е добар за државата, раскажува колку биле значајни проектите за изградба на Коридорот 8.

Вчера едно-денеска друго, толку многу превртливост има во изјавите на Мицкоски што неговото лажење на народот се сведува на ниво на политичка перверзија.

Ова е уште една потврда за лагите кои ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги пласираа во опозиција. Но, најважно е дека ова е признание дека стратешките проекти кои ги водеше СДСМ, како овој со изградбата на Коридорите 8 и 10, биле добри и дека сега оваа Влада ќе продолжи да ги реализира.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК