Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Детали за трагедијата близу Струмица: Загина едно лице, младо момче тешко повредено

На 28.10.2024 во 09.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-с.Баница-с.Вељуса, поточно во село Баница, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Љ.Р.(72) од село Вељуса, струмичко и трактор „имт 539“ без регистарски ознаки, управуван од Д.С.(43) од село Баница, струмичко.

Од здобиените повреди во несреќата починал возачот на тракторот, а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, а со телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот К.С.(21) од село Баница, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Струмица. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +