Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

ВО ТЕКОТ НА ЕДНА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ 147 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 21.10. до 27.10.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 147 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Можеби ќе ве интересира

Важна вест за скопјани: Посебен режим на сообраќај во недела

ДЕСК

Бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите во општина Центар

C +

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

ДЕСК